Членот на кабинетот на министерот за внатрешни работи ноќта по приведувањето ја минал во полициска станица. Полицијата ја подготвува кривичната пријава против него. Сомнежите се дека уапсениот функционер на МВР барал поткуп, но од министерството само кратко ја повторија информацијата со која го потврдуваат апсењето.
-По налог на Основното јавно обвинителство денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – злоупотреба на службена положба и овластување, соопштија вчера од МВР.
Тој бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Станува збор за долгогодишен припадник на МВР кој од влегувањето на Спасовски во министерскиот кабинет во техничката влада е назначен и за советник. Бил и во комисијата на МВР за надзор на приватните агенции за обезбедување.
Од обвинителството најавија повеќе информации во текот на денот.
Премиерот Зоран Заев на својот профил на фејсбук објави дека ги охрабрува институциите да спроведат темелна истрага.
– Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти – објави Заев.
Според него, нема место за толеранција на какви било незаконски дејства.
– Институциите мора да бидат целосно посветени во служба на граѓаните и во функција на владеењето на правото – додаде Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Притворен командир на шумска полиција за земање поткуп
-
Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп