Синоќа почина Ниметула Абдулаи, еден од сведоците за таканаречената „Кумановска група“, јавуваат дел од медиумите.
Според ТВ 21 тој бил вработен во Управата за безбедност и контра разузнавање во Куманово, а по укажаната прва помош во амбулантата во Липково, бил пренесен во болницата во Куманово.
Дел од обвинетите од Куманово, но и од Косово го бараа Ниметула како сведок во процесите, бидејќи од сведоците било истакнато дека како вработен во УБК ги знаел активностите на Кумановската група.
Во моментот се работи на расчистување на околностите под кои починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.