Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене. Ти етив дека повеќе нема да пишувам за себе, ама што маж сум јас ако си го орджам ветувањето? Имаат ли карај овие мои климактерични его трипови? И имало ли во моите мозочни фајлови уште нераскажани приказни?
Игор Џамбазов, „Умрен човек“
„Умрен човек“ – како оној кој ќе умре ако не каже и ќе умре откако ќе раскаже. Умрениот како продолжение на Облечениот, Голиот, Алкохоличарот, како петто ремек-дело на Игор Џамбазов. Омилениот шоумен, кој ја освои публиката со Гол човек, Упатство за анти антиалкохоличари, Приказни од Мјаукедонија и Облечен човек и овојпат подарува забавно четиво полно со хумор, но и мудтрости, како оние што старите дедовци им ги оставаат во завештание на своите тројца синови крај смртната послтела.
Промоцијата на романот „Умрен човек“ ќе се одржи на 12 април, вторник, на Саемот на книгата, на штандот на „Три“ од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.