| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ ита кон нова титула во Мајами, Бердих не беше дораснат противник во четвртфиналето

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на рутински начин обезбеди пласман во полуфиналето од Мастерсот во Мајами откако го совлада Томаш Бердих со 2-0 (6-3, 6-3).

Мечот траеше нешто повече од 100 минути, но Ѓоковиќ во текот на целиот меч ја имаше контролата на играта и во ниту еден момент не му дозволи на Чехот да му ги наруши сметките.
Иако на крајот оствари пет винери помалку од противникот (10-15), Ѓоковиќ направи само девет неизнудени грешки наспроти дури 45 на Бердих. Тоа беше десетта победа по ред за Ѓоковиќ во меѓусебните дуели и сега тој има биланс 23-2 против чешкиот тенисер.
Во полуфиналето Србинот ќе игра против Давид Гофин кој во првиот четврфинален меч со 2-1 (3-6, 6-2, 6-1) во сетови успеа да слави победа над Жил Симон.

Во женска конкуренција, пласман во полуфиналето обезбедија втпрата носителка Ангелик Кербер и Викторија Азаренка кои ја сочинуваат и првата полуфинална двојка. Кербер немаше проблеми со Кис и ја совлада со 2-0 (6-3, 6-2), а Азаренка загуби еден гем повеќе од Конта (6-4, 6-2).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top