Вечерва, 30 март, во Чифте амам е отворена изложбата „Природа на универзумот“ на канадската уметница Жо Ан Ланви
Посетителите во наредните 10 дена ќе имаат можност да видат графики, цртежи и објекти што ги третираат прашањата од загадувањето, уништувањето на животната средина, нарушувањето на еколошката рамнотежа.
Изложбата е организирана со поддршка на Канадската амбасада во Белград, а ја отворија амабасадорот Филип Пинингтон и директорката на Националната геларија на Македонија Дрита Старова Керими.
Ланвил е коосновач на ателјето Прес Папие и Интернационалното биенале за современа графика Троа – Ривириере. Реализирала преку 30 самостојни изложби во Канада и во повеќе од десетина земји во светот.
Добитник е на повеќе меѓународни награди меѓу кои наградата за најдобро графичко дело во Париз и Почесната награда на меѓународното графичко биенале во Обединето Кралство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.