| четврток, 6 декември 2018 |

Докузовски и Гечевски гости тренери на Спортската академија

Кошаркарските великани Марин Докузовски и Тодор Гечевски денес ја посетија Спортската академија каде што одржаа тренинзи со младите спортски надежи.

IMG_8493

Оваа активност е во рамки на проектот „Гости тренери“ со кој што Министерството за образование и наука во соработка со Спортската академија и спортските федерации, спроведува процес за одржување тренинзи на еминентни имиња од областа на фудбалот, ракометот, кошарката и тенисот со учениците од академијата.

Инаку минатата недела со ракометната паралелка тренинг одржа трофејниот стратег Лино Червар, а присуствуваше и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој што посочи дека на овој начин Спортската академија прераснува во квалитетен расадник на идни потенцијални репрезентативци.

IMG_8532

– Со Спортската академија се создаде компактибилен процес на истовремено образување и градење на врвна спортска кариера на младите лица кои што имаат афинитети кон некој од спортовите, а со оваа активност дополнително се придонесува за унапредување на нивниот талент – изјави Ристовски.

IMG_8501

Очекувањата се преку овој процес со помош на квалитетниот наставен кадар, како и со користење на пренесеното искуство и знаење од Докузовски и Гечевски, во Академијата ќе се создадат генерации кои што во иднина ќе го повторат или зголемат успехот постигнат на Европското првенство во Литванија.

IMG_8471

Во наредниот период тренинзи ќе одржат Индира Кастратовиќ, Игор Ангеловски и други врвни спортски личности.
Спортската академија започна со работа во учебната 2012/2013 во рамки на Средното фискултурно училиште, а од минатата година е самостоен субјект, со вкупно 779 ученици од кои 385 во Скопје, а останатите во дисперзираните паралелки во другите градови.

IMG_8469

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top