| четврток, 6 декември 2018 |

„Ослабениот“ Вардар со победа го потврди полуфиналето

vardar-cindric

Македонскиот ракометен шампион Вардар го победи во гости Мешков Брест со 32-30 на последниот натпревар од лигашкиот дел во СЕХА лигата.

По пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампиони, Вардар на ова гостување во Белорусија настапи со девет играчи. „Црвено-црните“ со оваа победа го потенцираа второто место на табелата, веднаш зад шампионот Веспрем, кој е противник на македонскиот шампион и во 1/4-финалето во Лигата на шампионите.

Лука Циндриќ со 9 и Дејан Манасков со 8 голови беа најефикасни во сотавот на Вардар.

Во петок и недела, во Вараждин, ќе се одигра завршниот турнир на СЕХА лигата. Во првото полуфинале од 18 часот Мешков Брест игра против Веспрем, а од 20:30 часот Вардар ќе се бори за финалето против ППД Загреб.

Натпреварот за третото место и финалето ќе се одиграат во недела.

Конечна табела:

Веспрем  50 бодови
Вардар  44
ППД Загреб  42
Мешков Брест  36
Татран Прешов  28
Нексе  25
Војводина  15
Борац  11
Спартак  10
Макс Струмица  2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top