Џенифер Анистон со години важи за една од актерките со најубаво тело, а сега таа призна дека нејзиниот изглед е резултат на напорни тренинзи и многу одрекувања.
– Ако работам, станувам во 4:30. Ако немам работни обврски, на нозе сум меѓу осум и девет часот, затоа што сакам подолго време да останам будна. Веднаш по будењето пијам чаша топла вода со една кришка лимон- раскажа актерката за списанието „Вел енд Гуд“.
Таа натаму раскажува дека потоа се мие со сапун и вода и започнува со нејзинот прв тренинг.
– Имам личен тренер и првиот тренинг се состои од возење велосипед половина час и вежбање јога 40 минути – изјави Анистон.
Иако ова на многумина би им било доволно вежбање за еден ден, Џенифер вели дека тоа и е само загревање, бидејќи следи одење во сала за вежбање, каде крева тегови и трча на лента.
Освен што очигледно многу вежба, Џенифер многу внимава и на тоа што го јаде.
– За појадок пијам шејк кој содржи некој вид чист протеин, банани, боровинки, замрзнати вишни, микс од здрав зелен зеленчук и малку какао. Ако не пијам шејк, јадам тост со јајца и авокадо или овес со бадемово млеко и банани – раскажа Анистон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.