| четврток, 6 декември 2018 |

Милевски: Одигравме за честа на Македонија како што доликува

Selektor mladinska ffm bobi milevski (3)

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, направи огромен успех во рамките од квалификациите за Европското првенство. Избраниците на селекторот Боби Милевски иако одиграа нерешено против фаворитот Франција во Ле Ман, сепак се враќаат дома како големи победници.
Милевски по натпреварот не ја криеше радоста од позитивниот резултат и напомена дека младите фудбалери уште еднаш уште еднаш им ги затнаа муцките на душегрижниците.

– Можам да им честитам на моите момци кои уште еднаш им ја затнаа муцката на некои душегрижници. Ние овде сите верувавме и успеавме да играме за честа на Македонија, како што доликува. Сега некои кај нас кои цело време се сомневаа во овие момчиња, сигурно ќе го сменат своето мислење. Жалам за другите два бода затоа што рековме кога доаѓавме дека ќе играме на победа и – игравме така! Честитки уште еднаш за момците кои покажаа како се игра за националниот дрес против селекција која, не според мене, но според многу светски стручњаци, е прогласена за најталентираните во Европа – изјави селекторот Благоја Милевски, по завршувањето на средбата со Франција (1-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top