Репрезентативецот на Македонија, Стојанче Стоилов, направи неспортски гест на натпреварот во Струмица, меѓу домашната екипа Зомимак М и Вардар.
Дуелот помина во тензична атмосфера и на теренот и на трибините, но средбата, секако, ја одбележи неспортскиот потег на репрезентативецот Стојанче Стоилов. Погледнете како го смачка судијата, со, на некој начин, комичен потег на пикерот на Вардар. Мечот заврши нерешено, 24-24, Стоилов беше исклучен, по што се создаде тензична атмосфера и на теренот и на трибините. Имаше и пресметка меѓу домашните навивачи и гостинските „Комити“. Најавена е и истрага, и идентификување на виновниците од трибините, но веројатно и Стоилов ќе добие казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


