| четврток, 6 декември 2018 |

Над 400 луѓе трчаа за децата со Даунов синдром во Скопје

Повеќе од 400 ведри и насмеани лица вчера им го разубавија денот на децата со Даунов Синдром и заедно со нив трчаа на првата Хуманитарна трка во скопскиот Градски Парк, која што се одржа по поводсветскиот Ден на лицата со Даунов синдром.

На трката која што беше од отворен карактер и во неа освен што учествуваа деца со Даунов синдром и нивните семејства, можеше да учествува секој кој има желба да биде дел од ваква хуманитарна спортска акција со донирање на 150 денари.

IMG_3249

Убава вест која ги развесели сите учесници беше информацијата дека планираната сума за собрани средства била собрана и истата ќе биде искористена за обезбедување на сала и опрема за обезбедување услови за тренирање на децата со Даунов синдром во текот на целата година, како обезбедување сала, реквизити, стручни лица за работа, организирање на семинари и слично.

IMG_3252

Сите деца со Даунов синдром по завршување на трката беа наградени со медали и пригодни подароци од спонзорите, а за останатите натпреварувачи беа обезбедени награди по лотарија систем.

IMG_3307

Настанот беше во организација на Мечувачкиот клуб Ескрим.

IMG_3302 IMG_3308 IMG_3310 IMG_3313

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top