Нови тимови, возила и повисоки плати за докторите од Итната медицинска помош во Скопје, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, при посетата на базата на Итната медицинска помош во Поликлиника „Букурешт“.
– Од овој месец Итната медицинска помош во Скопје има нови и повеќе тимови, како и повисока плата за докторите, а во тек е и набавка на нови 12 возила. Отворањето на тој тендер е на 5 април и очекувам до крај на јули да имаме нови возила за Итната медицинска помош, изјави Тодоров.
Со тоа, продолжи тој, Итната медицинска помош во Скопје ќе има двојно поголем број на тимови и двојно поголем број на возила, повисока плата за докторите и можност на докторите за специјализација.
Според Тодоров идејата е докторите кои што работат во Итната медицинска помош, по одредено време на работа, да можат да бидат пратени на специјализација, а на нивно место да дојдат нови доктори. Тој посочи дека со тоа се помага на целиот систем и на квалитетот на здравството, затоа што доктор кој што поминал на работа во итна медицинска помош потоа многу полесно специјализира, односно има многу повеќе знаења и искуство, што е логичен редослед на напредок во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Итната помош со препораки за празниците: Умерено со храна и алкохол за да нема труења и сообраќајки
-
Почнува судењето против дедото на Тамара за обид за убиство на Никола Тодоров