Извлечено е бебе од канализација во Кина, јавуваат медиумите.
Страотниот случај на обид за чедоморство се случил во округот Ксинпинг, на југот од Кина. На пожарникарите им требало три часа да дојдат до бебето и да го извлечат неповредено од канализациската цевка. Полицијата покрена истрага за да ја пронајде мајката која ја фрлила својата ќерка.
Пронајденото женско бебе било во крв и едвај дишело. Во болницата владеела опсадна состојба во текот на спасувањето зошто не смеела да се користи водата во тоалетот за да не пропадне бебето уште подолу во канализациската цевка.
Ова не е прв ваков случај во Кина. Во септември 2014 година тукушто родено девојче е пронајдено во канализациска цевка на еден факултет во градот Линџија.
Напуштањето на бебиња во Кина не е реткост, а главно на јавни места се оставаат женски деца чии сиромашни родители не можат да ги издржуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие


