Зборувајќи за терористичките напади во Брисел во интервјуто за телевизијата “Fox”, Рудолф Џулијани тешко ја обвинил кандидатката на американските демократи за претседател на САД.
“Имаше шанса да ги обедини луѓето против ИСИС – таа помогна во создавањето на Исламската држава. Хилари Клинтон можеме да ја сметаме за основач на ИСИС”, рекол Рудолф Џулијани во емисијата “The O’Reilly Factor”.
На барање на домаќинот на емисијата, Бил О’Рајли, да објасни како Клинтон ја основала Исламската држава, Џулијани објаснил: “На тој начин што беше дел од администрацијата која се повлече од Ирак. На тој начин што беше дел од администрацијата која дозволи Ирак на тој начин да биде воден и шиитите да бидат принудени на тежок избор. На тој начин што не интервенираа во Сирија во вистински момент. Така што беше дел од администрацијата која повлече 12 линии во песок и потоа лажеше за тоа”.
О’Рајли констатирал дека Клинтон, во тоа време била шефица на дипломатијата, не одговарала лично за тие одлуки и дека поднесувањето на оставка бил единствениот чин со кој можела да го принуди тогашниот и сегашниот претседател на САД, Барак Обама, да ја промени својата политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)