| четврток, 6 декември 2018 |

Рудолф Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк ја шокираше Америка: Хилари Клинтон е основач на ИД! (видео)

rudolf-dulijani-hilari-klinton-foto-rojters-i-ap-1458893327-871883-724x400

Зборувајќи за терористичките напади во Брисел во интервјуто за телевизијата “Fox”, Рудолф Џулијани тешко ја обвинил кандидатката на американските демократи за претседател на САД.

“Имаше шанса да ги обедини луѓето против ИСИС – таа помогна во создавањето на Исламската држава. Хилари Клинтон можеме да ја сметаме за основач на ИСИС”, рекол Рудолф Џулијани во емисијата “The O’Reilly Factor”.

На барање на домаќинот на емисијата, Бил О’Рајли, да објасни како Клинтон ја основала Исламската држава, Џулијани објаснил: “На тој начин што беше дел од администрацијата која се повлече од Ирак. На тој начин што беше дел од администрацијата која дозволи Ирак на тој начин да биде воден и шиитите да бидат принудени на тежок избор. На тој начин што не интервенираа во Сирија во вистински момент. Така што беше дел од администрацијата која повлече 12 линии во песок и потоа лажеше за тоа”.

О’Рајли констатирал дека Клинтон, во тоа време била шефица на дипломатијата, не одговарала лично за тие одлуки и дека поднесувањето на оставка бил единствениот чин со кој можела да го принуди тогашниот и сегашниот претседател на САД, Барак Обама, да ја промени својата политика.

“Тоа токму тоа што еден патриот би го направил”, се надоврзал поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top