| четврток, 6 декември 2018 |

Бандата на Чауш уценувала бизнисмени со снимките на Заев

Се потврдуваат тезите дека приватните разговори што незаконски ги чуваше Заев се раширени меѓу голем број лица од подземјето и дека на големо се тргува со нив, што резултирало со многубројни уцени изминатиов период, пишува порталот „Прес 24“. Како што дознава „Прес 24“ од извори во истрагата материјалите на УСБ, кое беше пронајдено во вчерашната полициска акција, се преснимени на меморискиот уред на почетокот на јануари и на февруари, односно откако Захир Бекири – Чауш веќе беше во затворот во Идризово по првата акција за разбивање на „Фабриката за афери на СДСМ“

Извори од истрагата велат дека на УСБ имало 1.000 приватни разговори од јавни личности од општествениот живот, вклучувајќи и познати бизнисмени.
Истите извори се сомневаат дека бандата на Чауш, кој според лично признание на Заев бил негов соработник, имала на располагање интимни разговори од огромен број граѓани, кои биле потенцијален предмет на уцена. Дел од нив според неофицијалните полициски информации веќе биле цел на изнуда на криминалците но не сакале официјално да пријават во полиција од страв дека ќе бидат обележани.

Овие разговори, според изворите од истрагата, се, главно, од граѓани од македонско етничко потекло, за разлика од разговорите пронајдени во тврдиот диск сошиен во душекот, каде што доминирале разговори на граѓани Албанци.

Од истрагата велат дека по првичната анализа на дискот се пронајдени 70.000 разговори, кои, како што се чини, се идентични на тие што беа пронајдени во компјутерот на Чауш, во фолдер СДСМ – Заев.

Затоа од истрагата, претпоставуваат дека станува збор за „бекап“ на ти-фајлови за кои уште тогаш беа објавени информации дека биле продавани на криминални структури од Косово и другите земји од регионот.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во повеќе наврати тврдеше дека сите материјали што ги имал му ги предал на Специјалното обвинителство, по што се поставува прашање, како неговиот соработник Чауш тргувал со незаконски снимки и преку својата криминална мрежа уценувал бизнисмени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top