Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ, за „Спутник“ изјави дека дека некогашниот американски претседател Бил Клинтон е виновен за злосторствата во Сребреница. Плавшиќ, која по признавањето на вината, од страна на Хашкиот трибунал беше осудена на 11 години затвор поради воени злосторства, изјави дека е неоспорно дека луѓето во Сребеница страдале, но, како што наведува, по чиј налог?
– Клинтон. Клинтон рече „Америка ќе дојде на ваша страна, на муслимаската страна во војната, ќе ги бомбардира Србите, доколку дозволите четниците да влезат во Сребреница. И не смее да има помалку од пет илјади масакрирани“ – наведе Плавшиќ.
Таа тврди дека Клинтон ова му го рекол на Алија Изетбеговиќ, тогашниот воен лидер на босанските муслимани и член на претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ).
– Му рече на Алија Изетбеговиќ. Изетбеговиќ потоа тоа го пренесе до военото претседателство, јас го читав записникот. Тој Хрват во Хаг ми го даде записникот. Мојот адвокат не можеше да стигне до него. Ми рече „Ова вреди 20 илјади марки“. „Е, па…“, реков. Јас немав толку, ниту пак сметав дека е важно, така што само го разгледав стенограмот каде што пишуваше кој што кажал. Изетбеговиќ рекол дека „Клинтон го тера“. Сега, по неколку години, во една книга на Американец што работел во Сараево стои истото – вели поранешната претседателка на Република Српска.
Како што тврди таа, Изетбеговиќ ова му го соопштил на Претседателството, а член на военото претседателство тогаш бил Сефер Халиловиќ, кој на ова одговорил со „Алија, па ти си полудел“.
– Но, тоа сепак се случи, а во составот на групата која го изврши тоа, не беа само Срби. Ердемовиќ – Хрват, а имаше и еден Словенец, јас не се занимавав со тоа, но доколку се анализира, ќе се види дека е местенка – објаснила Плавшиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Холандија бара поништување на пресудата за Сребреница
-
Пресуда на Хаг: Холандија делумно виновна за смртта на муслиманите во Сребреница
-
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон пишува книга за Белата куќа