Адвокатот на опозицискиот лидер Зоран Заев и претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, Мирослав Вујиќ е адвокат и на првоосомничениот во „Фабриката за афери“ Захир Бекири и пред македонските судови го брани него и неговата банда – пишува Курир.
По наредба на Основниот суд во Скопје 1 вчера беа извршени претреси на 7 локации во Скопје и тоа кај Захир Бекири во Идризово во координација со Управата за извршување на санкции, кај И.Б. (брат на прво осомничениот), О.Б (брат на прво осомничениот) и З.А. (сестра на прво осомничениот), Б.А., А.И., Т.Р., Д.М, А.Г и В.Н.
По акцијата, со реакција се јави адвокатот на Чауш, Мирослав Вујиќ, кој воедно е адвокат и на опозицискиот лидер Зоран Заев. Во изјава за Телма, адвокатот на Заев и на Чауш и неговата банда рече дека ова е само продолжение на како што додаде “циркузот што се создаде околу Чауш“
Шемата на Чауш и СДСМ веќе и е позната на јавноста. Чауш печател фалсификувани документи а потоа му ги предавал на весникот Фокус кој од тоа фабрикувал афери во јавноста. Чауш одел до таму што снимал и видеа за фабрикуваните афери да изгледаат повистинити.
Захир Беќири Чауш важи за истакнат член на СДСМ. Неговата сопруга е дел од партиските вработувања на СДСМ и платата ја зема од општинската фирма Паркинзи Центар, каде директорува Саша Богдановиќ, Претседател на Општинскиот огранок на СДСМ во скопски Центар.
Јавноста ја виде и фотографијата на која лидерот на СДСМ Зоран Заев е сликан со Чауш во просториите на партијата на Бихаќка, по што Заев конечно призна дека тој е член на СДСМ. Дополнително, Заев сам во неколку наврати призна дека Чауш е член на СДСМ.
Сител неодамна ги објави и разговорите и телефонските пораки кои Заев ги разменувал со сопругата на Чауш во моментот кога тој беше приведен од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.