| четврток, 6 декември 2018 |

Минута молк во Белгија за жртвите од вчерашните напади во Брисел

Белгијците денеска со минута молк им одадоа почит на жртвите од вчерашните атентати во Брисел, пренесоа француските медиуми.

Неколку илјади лица, кои дојдоа на Плоштадот на берзата, во центарот на белгиската престолнина, со извици „Да живее Белгија“ и ракоплескања повремено ја нарушуваа тишината.

– Ги споделуваме емоциите на нашите сонародници, изјави градоначалникот на Брисел, Иван Мајор. „Нормално е што сме тука, ова е израз на сочуството и многу повеќе. Сметам дека неопходно е да ја почуствуваме врска со сите оние кои денеска страдаат“, додаде тој.

Белгиската кралска двојка, прeмiерот Шарл Мишел, придружен од францускиот колега Мануел Валс и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, исто така, со минута молчење им одадоа почит на жртвите во седиштето на ЕК.

Подоцна Јункер, Мишел, Валс и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини положија цвеќе на станицата на метрото „Малбек“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top