| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи во новиот договор е подготвен да му ја зголеми платата на Игуаин за 2 милиони евра

gonzalo iguain

По одличната форма оваа сезона на Гонзало Игуаин, очекуван е интересот на европските гиганти за негов ангажман, но Наполи не сака да се раздели со Аргентинецот. Како што јавуваат медиумите од Апенинскиот полуостров, раководството на клубот му нуди нов договор на Игуаин, со кој напаѓачот ќе заработува по 7,5 милиони евра по сезона, наместо досегашните 5,5 милиони евра.

Неофицијалните информации велат дека двете страни се многу близу до постигнување целосен договор, а со потписот на продолжувањето на соработката до 2020 година, неговата откупна клаузула ќе стигне до 100 милиони евра.

За услугите на Игуаин, постоеше интерес од Баерн Минхен, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челси, а со новиот договор Наполи јасно им дава до знаење на тимовите да заборават на ангажман на овој одличен голгетер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top