| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Јана Луловска во КИЦ во Софија

На 23 март (среда) со почеток во 18,30 часот, во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, ќе биде отворена изложба од фотографии со наслов “Корелација,” од Јана Луловска.
Изложбата која е дел од годишната програма на Центарот во Софија, ќе ја отвори директорот Васко Шутаров, а делата ќе можат да бидат видени до 6 април, кога се затвора изложбата. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.
“Првата самостојна изложба на збирката фотографии на младата авторка Јана Луловска под наслов Корелација, се состои од дваесет диптиси, генерирани од и посветени на балканскиот пејзаж. Низ овој жанр, како и низ користењето на старата класична и некогаш популарна благородна техника гумитилија, Луловска се обидува, во ерата на сеопшта дигитализација/виртуализација, низ реактуализација на оваа техника да си ја овозможи најнапред креативната слобода, која се темели на телесната сличност на знакот и на објектот кој го третира” (Конча Пиркоска)
Јана Луловска е родена 1986 година во Скопје, Република Македонија. Завршила уметничка и применета фотографија на Националната Академија за театарска и филмска уметност “Крсто Сарафов” во Софија.
Досега има реализирано неколку самостојни изложби во Скопје и повеќе групни изложби, меѓу кои и неколку во Р. Бугарија.
Изложбата “Корелација” е нејзина прва самостојна фото-изложба во Софија.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top