Еден од најконтроверзните претседатели во Калчо-лигата, Маурицио Зампарини, се подготвува да се повлече од фудбалот најавувајќи дека по завршувањето на сезонава ќе прекине со раководењето на Палермо. Зампарини (75 години), се наоѓа на чело на сицилијанскиот клуб од 2002 година, а во изминатиот период тој промени дури 35 тренери. Трендот продолжи и сезонава, откако Зампарини неколку пати го промени кормиларот на својата екипа, но навивачите вината за слабите игри наместо во стручниот штаб ја гледаа токму во раководството на клубот.
– Уште два месеци ќе бидам дел од италијанскиот фудбал и потоа си заминувам. Фудбалот целосно ме исцрпи и ќе се посветам на некои други работи. Би бил среќен кога новите сопственици би биле од Палермо – изјави Зампарини за италијанските медиуми.
За Палермо настапува и Александар Трајковски, кој според одредени италијански медиуми важи за еден од милениците на Зампарини. Според овие информации, претседателот го сменил претходниот тренер Јакини, меѓу другото и поради одлуката воопшто да не го вклучи Трајковски во тимот што настапи на „Џузепе Меаца“. Од следната сезона на Трајковски во редовите на Палермо ќе му се приклучи и Илија Несторовски кој со успех настапува за Интер Запрешиќ и е најдобар стрелец во хрватскиот шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б