| четврток, 6 декември 2018 |

Хит-диетата за 2016 година – слабејте и до 3 килограми неделно

Режим на исхрана кој не само што дозволува, туку и поттикнува конзумација на чоколада, црвено вино и црно кафе, а притоа се согоруваат калории и поважно – се зајакнува имунитетот.

Се работи за диета смислена и тестирана од нутриционистите Ејдан Гогинс и Глен Матен, кои сите детали за новиот режим на исхрана ги прикажаа во книгата “The Sirtfood Diet: The revolutionary plan for health and weight loss”.

Диетата се заснова на конзумирање храна која го поттикнува настанувањето на група ензими кои се наречени сиртуин.

Продукти кои го активираат сиртуинот:

Пијалоци: Зелен чај, незасладено црно кафе, црвено вино;
Овошје и зеленчук: Цитруси, јаболка, боровинки, целер, кељ, кромид, рукола;
Зачини: Магдонос, куркума;
Други продукти: Темна чоколада со минимум 75% какао, ореви, маслиново масло, хељда, лосос.

Основни правила на диетата:

Се држи според неделен распоред и се заснова на рестриктивен внес на калории.

1. Првите три дена во организмот се внесуваат 1.000 калории дневно со конзумирање на 3 смутија и 1 оброк направен од продукти од листата на дозволена храна.

2. Од четвртиот до седмиот ден се внесува по 1.500 калории дневно со конзумирање на 2 смутија и 2 оброци.

Резултати

Гогинс и Матен ја тестирале оваа диета исклучиво на испитаници кои редовно т.е. секојдневно се занимаваат со физички активности. Сите испитаници во просек изгубиле по 3 килограми за 7 дена.

Нутриционистите нагласуваат дека ова пред сè е режим на исхрана, а не драстична диета за нездраво губење на килограмите. Целта на исхраната е да се зајакне метаболизмот и имунитетот и да се подобри општата здравствена состојба која со задолжителната физичка активност на крајот ќе резултира и со губење на вишокот килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top