| четврток, 6 декември 2018 |

Ги почитува обичаите – Кеба ќе слави Младенци, наместо Северина и Игор

ке
Драган Којиќ Кеба најавува дека тој заедно со сопругата Оља утре ќе го одбележат празникот Младенци, иако тоа би требало да го направат Игор и Северина.
Тој е познат по тоа дека ги почитува обичаите, па иако Северина неодамна изјави дека не чула за тој празник, Кеба ќе слави во нејзино име, иако по правило тоа би требало да го прават паровите кои се венчале во претходната година.
Кеба, по се судејќи, решил место снаата и синот да го слави празникот, па во куќата на Бежаниска коса, на големо се подготвува славење.
-Покана за славењето добиле и мајката на Северина, а на радосниот настан ќе присуствува и синот на пејачката, Александар.Севе и Игор не се вклучени во организацијата, но и двајцата велат дека ги почитуваат и слават сите празници и католички и православни. Се очекува Северина сепак да ги дочека гостите-вели добро информиран извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top