| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери скромен: Успеавме да опстанеме во лигата, следна цел е пласман во ЛШ

klaudio ranieri

Лестер направи уште еден огромен чекор напред кон шампионската титула, триумфирајќи на гостувањето против Кристал палас. „Лисиците“ имаат осум бода предност (и натпревар повеќе) во однос на Тотенхем на седум кола до крајот на сезоната, па јасно е зошто навивачите попладнево триесеина минути не го напуштаа „Селхарст парк“, пеејќи шампионска песна во најава на успехот што би бил историски за овој „мал клуб“.

Стратегот Клаудио Раниери сепак е свесен дека неговите избраници не смеат да си дозволат да летнат во облаци, па упорно настојува дека има уште многу да се игра за да се стигне до титулата.

– На почетокот од сезонава сите се крстевме во опстанок, а сега сме многу близу до успех што дефинитивно би бил историски. Направивме значен чекор напред со најновата победа, навивачите пејат шампионска песна, но ние мораме да останеме смирени. Има уште седум кола и предноста е голема, но мораме да одиме чекор по чекор. Следна желба ми е да го обезбедиме учеството во ЛШ за наредната сезона, на добар пат сме да го оствариме тоа во периодот што следи – изјави Раниери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top