| четврток, 6 декември 2018 |

Овој викенд започнува и МотоГП шампионатот, пол-позицијата за Хорхе Лоренцо

Актуелниот светски шампион во кралската класа на мотоциклизмот, Хорхе Лоренцо, утрешната трка ќе ја започне од пол-позицијата откако денес на квалификациите на патеката Лусаил постави најбрзо време (1:54.543). ’Контроверзниот’ Марк Маркез, кој според многумина беше во заговор со Лоренцо против Валентино Роси ќе ја започне трката за катарското ГранПри веднаш до возачот на Јамаха односно од втората стартна позиција. Првиот ред ќе го комплетира и Маверик Вињалес.

Тимскиот колега на Лоренцо, Валентино Роси трката ќе ја започне од средината на вториот ред откако на денешните квалификации извозе петто најбрзо време. Во истиот ред со „докторот“ ќе стартуваат и Андреа Јаноне и Андреа Довициозо. Педроса, Барбера, Еспаргаро и Кал Крачлоу до десеттото место.

Првата трка од новата сезона во МотоГП категоријата на патеката Лусаил во Катар ќе започне утре во 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top