| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ на мегдан со Надал во полуфиналето на Индијан Велс

Четирикратниот победник на Индијан Велс, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се пласира во полуфиналето на мастерс-турнирот, а таму ќе ги одмери силите со Рафаел Надал, кој претходно успеа да слави над Нишикори. Ѓоковиќ во два тај-брејка (7-6, 7-6) беше подобар од францускиот тенисер Жо Вилфрид Цонга.

Иако пружи солиден отпор, Француинот немаше доволно нерви, концентрација и енергија во завршницата од двата сета и ги загуби, а со тоа Ѓоковиќ го продолжува патот кон четирите најдобри на овој турнир.

Во второто полуфинале на Индијан Велс ќе играат Милош Раонич и Давид Гофан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top