| четврток, 6 декември 2018 |

РК Металург конечно успеа да ги среди документите за Вујовиќ

vujovic

Стеван Вујовиќ е најново име во редовите на Металург откако лидерот во ракометната Супер-лига со крајни напори успеа да ја заврши процедурата и да добие сертификат за црногорскиот интернационалец да настапува за тимот на Лино Червар до крајот на сезонава. Вујовиќ (25 го­ди­ни, 190 см, 90 кг), веќе извесно време тренираше со екипата, така што сигурно нема да му биде потребно дополнително време за адаптација.

– Сре­ќен сум што се ре­а­ли­зи­ра за­ем­на­та жел­ба и што ста­нав член на мла­ди­от и та­лен­ти­ран со­став на тре­не­рот Ли­но Чер­вар. Од одра­бо­те­ни­те тре­нин­зи со ти­мот ви­дов де­ка ту­ка мно­гу до­бро и ко­рис­но се ра­бо­ти на тре­нин­зи­те, што ме пра­ви осо­бе­но за­до­во­лен, би­деј­ќи со та­ква по­све­те­на ра­бо­та ќе на­пре­ду­ва­ме и јас и еки­па­та и за­ед­но ќе мо­же­ме да ги ос­тва­ри­ме по­ста­ве­ни­те це­ли. До­бро се вкло­пив во игра­та со ти­мот и се на­де­вам на ус­пеш­на за­врш­ни­ца во до­маш­но­то пр­венс­тво – из­ја­ви Ву­јо­виќ за официјалната веб-страница на „металурзите“.

Ву­јо­виќ ќе ја за­си­ли цен­трал­на­та бе­ков­ска по­зи­ци­ја на Ме­та­лург, ка­ко кон­стру­ктив­на за­ме­на за по­вре­де­ни­от Лу­ка Мра­ков­чиќ, кој има проб­ле­ми со скоч­ни­от зглоб.

Тој доаѓа во ре­до­ви­те на Ме­та­лург од швај­цар­ски­от пр­во­ли­гаш Ами­чи­ти­ја, а прет­ход­но бе­ше дел и од Вец­лар (Гер­ма­ни­ја), Се­ле­стат (Фран­ци­ја), Ан­те­ке­ра (Шпа­ни­ја), Ло­вќен (Цр­на Го­ра), Цр­ве­на звез­да (Ср­би­ја), а извесно време настапуваше и за Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top