| четврток, 6 декември 2018 |

Металург без Кузмановски и Гуглета на мегдан против Нексе

metalurg

Екипата на Металург утревечер од 19 часот против Нексе ќе го одигра последниот натпревар од СЕХА Гаспром лигата. Македонскиот колектив на ова гостување нема да може да смета на услугите на Филип Кузмановски и Александар Гуглета кои се повредени.

Одличниот лев бек има оток на десната рака, која што неодамна му беше оперирана, додека, пак, гуглета има повреда на ципите.

– Нексе е апсолутен фаворит во овој дуел. Пред сè поради домашниот терен на кој сезонава одигра одлично против Веспрем, Мешков, Загреб, а ние сме послаби со неиграњето на Филип Кузмановски и Александар Гуглета кои се повредени. Кузмановски има оток на раката што му беше оперирана а Гуглета има повреда на ципите. Но, тоа не значи дека во овој меч ќе влеземе со резерва или со респект. Напротив, ќе се обидеме да одиграме добро, а ако се создаде и најмала шанса, да ја материјализираме со победа истакна Лино Червар, тренерот на Металург.

И покрај утрешната пауза, овие двајца ракометари ќе бидат дел од подготовките на „металурзите” во Пореч.

Металург во пресрет на последниот свој натпревар се наоѓа на 6. место, а по 17 одиграни кола има исто толку освоени бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top