| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во посета на Ѓорче Петров: Ќе се реновираат сите игралишта за деца

Сите игралишта за деца во скопската општина Ѓорче Петров ќе бидат реновирани, најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска беше во посета на оваа општина.

gruevski-so-sokol

Граѓаните од населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров денеска при посетата на Груевски зборуваа за дел од проблемите со кои се соочуваат. Жител на населеното место побара обнова на детските игралишта кои се веќе изградени, да се реновираат бидејќи се руинирани при користењето.

-Сите игралишта ќе бидат реновирани во Ѓорче Петров со отворање на летната или пролетната сезона. Имаме фирма избрано. Ги носат лулашките, се фарба и средува. Детските игралишта ќе бидат завршени до крајот на април, рече градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Во ова населено место расте наталитетот, па поголем број на дечиња има потреба од вакви игралишта за деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top