Нанет Хамед е опседната со изгледот на Барби куклата, а поради таа своја опсесија потрошила 500 000 долари на естетски операции, шминка и секојдневно соначање во солариум се со цел да личи на својата кукла од детството.
Силиконски гради, подигање на силиконските гради, ботокс, пополнување на усните, полутрајна шминка, вештачки нокти и екстензии за косата се дел од тоа што било потребно за да Нанет го оствари својот сон. Таа има и розов спортски автомобил, а сетоа тоа и го овозможил сопругот кој се гордее со изгледот на неговата жена.
-Мојот сопруг Дејв и моите деца се толку горди на мене и тоа што го постигнав со операциите. Мислат дека изгледам одлично, а јас знам дека имам подобар живот од Барби – се гордее 42 годишната мајка на пет деца.
Нанет имала 50 Барбики како дете и како што вели тие секогаш и биле пример за изглед. Во солариум почнала да оди на 16, а првата операција на градите ја направила на 21 година.
Истакнува дека за неа не постои поголемо уживање од операциите.
-Ги обожувам пластичните операции. Иглата е како масажа и кога еднаш ќе влезе не сакам да излезе. Релаксирачко е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)