| четврток, 6 декември 2018 |

Жива Барбика потрошила половина милион долари за да изгледа како кукла (видео)

Нанет Хамед  е опседната со изгледот на Барби  куклата, а поради таа своја опсесија потрошила 500 000 долари на естетски операции, шминка и секојдневно соначање во солариум се со цел  да личи на својата кукла од детството.

Силиконски гради, подигање на силиконските гради, ботокс, пополнување на усните, полутрајна шминка, вештачки нокти и екстензии за косата се дел од тоа што било потребно за да Нанет го оствари својот сон. Таа има и розов спортски автомобил, а сетоа тоа и го овозможил сопругот кој се гордее со изгледот на неговата жена.

maxresdefault

-Мојот сопруг Дејв и моите деца се толку горди на мене и тоа што го постигнав со операциите. Мислат дека изгледам одлично, а јас знам дека  имам подобар живот од Барби – се гордее 42 годишната мајка на пет деца.

PAY-Nannette-Hammond-plastic-surgery-Barbie(3)

Нанет имала  50 Барбики како дете и како што вели тие секогаш и биле пример за изглед. Во солариум почнала да оди на 16, а првата операција на градите ја направила на 21 година.

PAY-Nannette-Hammond-plastic-surgery-BarbieИстакнува дека за неа не постои поголемо уживање од операциите.

-Ги обожувам пластичните операции. Иглата е како масажа и кога еднаш ќе влезе не сакам да излезе. Релаксирачко е.

PAY-Nannette-Hammond-plastic-surgery-Barbie(8)

PAY-Nannette-Hammond-plastic-surgery-Barbie(6)

PAY-Nannette-Hammond-plastic-surgery-Barbie(5)

PAY-Nannette-Hammond-plastic-surgery-Barbie(4)

PAY-Nannette-Hammond-human-barbie

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top