Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше во осминафиналето на првиот мастерс-турнир оваа сезона што се игра во Индијан Велс, славејќи во третото коло против Германецот Филип Колшрајбер во два сета, со 7-5,7-5.
Иако обезбеди пласман во осминафиналето, Ѓоковиќ не игра во најдобра форма на овој турнир. Му беа потребни 100 минути за триумф над Колшрајбер. Во осминафиналето, најдобриот светски рекет ќе се соочи со 18-от светски играч, Шпанецот Филисијано Лопез.
Во следната рунда се пласираше и Рафаел Надал славејќи со 2-0 (6-0,7-6) против Фернандо Вердаско, како и Французинот Цонга кој славеше против Сем Квери со 6-3,6-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.