| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ против народот и институциите

Меѓу оние кои се одзваа на повикот на соросовите здруженија и на лдерот на СДСМ за протест пред владата со план за потоа да се протестира пред Уставниот суд, забележани се и околу 200 лица со таканаречени „фантомки“, односно со црни маски, подготвени за предизвикување инциденти и спроведување на деструкција.
policija
Низ Скопје е забележливо и зголемено присуство на автобуси кои имаа задача под присила да ги спроведат до Скопје вработените во општинските администрации во Куманово и Струмица, општини раководени од СДСМ. За исти такви притисоци за притисоци за учество во вечерашните сценарија сведочат и вработени во администрацијата која потпаѓа под општина Центар, но и оние институции кои се под капата на министерството за труд и социјална политика, каде министер е Фросина Ременски.
Сите тие треба да застанат зад оние кои повикуваа на рушење, палење и насилство врз Уставниот судот, Уставните судии, институциите, државата, народот.

Меѓу таканаречените редари на протестот на СОРОС и на СДСМ, може да се забележи како ги ажурираат списоците за присуство на административците. Меѓу протестантите пак, присутни се и лица кои имаат дебели полициски досиеја.
sdsm-ustaven
Навидум протестот на невладините организации со поддршка на опозицијата, ова сценарио е продолжување на црното сценарио од мај минатата година и насилните протести пред владата, кога СДСМ и нивните поддржувачи тргнаа против народот, државата и институциите.
едмонд адеми статус
Нервозата која што владее во СДСМ и во опозицијата веќе не може да се сокрие, исто како и обидите за спроведување на деструктивното сценарио. Најновиот обид за судири и насилни сценарија доаѓаат до израз кога на позицијата Советник на Оливер Спасовски, техничкиот министер во МВР, Едмонд Адеми, кој јавно се залага за „крв по улиците“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top