Лидерот во источната конференција тимот на Кливленд, беше пресилен за ЛА Клиперс на гостински терен во Лос Анџелес победувајќи ги со 114-90.
Клучен период за победата на Леброн и другарите беше втората четвртина кога успеаја да постигнат 37 поени по што Клиперс немаа сили пресврт. Кошаркарите на Кливленд постигнаа 18 тројки од 37 обиди и во потполност го натскокаа противникот – 49-34. Најдобар беше Леброн Џејмс со 27 поени, 6 скока и пет асистенции, а Ирвинг и Смит постигнаа по 17 поени.
За Клиперси, кои сега имаат скор од 42-23, Редик постигна 19 поени, Крис Пол запиша 17 поени, додека Џордан имаше 11 поени и 11 скока.
Нов трипл-дал запиша Јанис Антетокумпо. Со 28 поени, 14 асистенции и 11 скока, стигна до четвртиот трипл-дабл во последните 11 натпревари, носејќи победа на Милвоки над Бруклин од 109-100.
Шпанецот Хозе Калдерон, пак, со звукот на сирената постигна тројка за победа на Њујорк над ЛА Лејкерс од 90-87.
НБА резултати:
ЛА Клиперс – Кливленд 90-114
Атланта – Индијана 104-75
Сакраменто – Јута 99-108
Бруклин – Милвоки 100-109
ЛА Лејкерс – Њујорк 87-90
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)