| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на позната спонзоруша: Се заработува и до 3.000 фунти, заедно со скапи поклони, шопинг, вечери

sponzorusa1
Се поголем број девојки бараат спонзори преку популарната веб страница „Seeking Arrangements“, признавајќи дека тоа е единствениот начин со кој успеваат да ги покријат трошоците за студирање.

27-годишната Лара за Тајмс го открива својот живот како спонзоруша, која за живот заработува само преку состаноците со богати постари мажи. Таа е апсолвент а до сега има сменето 10 sugar daddy-а. Во последниот се заљубила и сега, вели таа, се во среќна врска.

-Животот во Лондон е исклучително скап, а јас се уште имам за отплаќање на студентскиот кредит. Затоа и се приклучив на страната Seeking Arrangements. Не знаев што да очекувам од тоа, но знаев дека не смеам да дозволам мажите да го видат мојот страв. Морате да ги контролирате работите, во спротивно тие вас ќе ве искористат, вели Лара.

Според страницата, девојките можат да заработат и до 3.000 фунти, заедно со скапи поклони, шопинг, вечери. Но Лара тврди дека е многу важно да имате реални очекувања и да внимавате сите да добијат нешто од ваквиот однос.

-Претпоставувам дека најголем број од мажите очекуваат да имаат секс со вас, но самата страница пишува дека на самиот почеток морате да ги поставите правилата околу тоа. јас под дејство на алкохол се бакнував со некои од нив, но никогаш не спиев со нив. Не ме интересира колку пари имаат, ме интересира само колку се дарежливи, вели таа.

Врските со нејзините sugar daddy-a траат неколку недели а најскапиот поклон што го добила чинел 3.000 фунти.

-Често ме прашуваат дали се тоа некои лудаци кои само сакаат да имаат секс со мене, но јас велам дека поентата се состои во тоа што ти можеш да ја контролираш ситуацијата и да извлечеш корист од тоа, вели Лара.

Таа во моментов е во среќна врска со постар човек, нејзин поранешен sugar daddy.

Тој и дава 1,000 фунти месечно за да го отплати студентскиот кредит, а на негова сметка патуваат на егзотични дестинации како Тајланд или Шри Ланка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top