| четврток, 6 декември 2018 |

Не е лесно да си машка спонзорџика, ама кога ќе ги видиш парите забораваш на сè

LrlWHsAK

Тоа го потврдува и 24-годишниот Едвард Оливер од Лондон, кој е во врска со 56-годишен маж, кој се грижи финансиски за него. Благодарение на спонзорот Едвард носи облека од скапи дизајнери, спие во хотели со 5 ѕвезди и троши по 2.600 еврс месечно. Звучи привлечно, зар не?

Значи, партнерот на Едвард му плаќа, буквално, сè, студентскиот кредит, киријата за станот, итн, и плус парите што му се достапни за трошење како џепарлак. Едвард вели дека не склопиле финансиски договор, се гледаат веќе две години и тоа еднаш неделно. Нивната љубов станала платонска, а на оваа врска гледа како работа. Понекогаш му помага и околу неговиот бизнис со недвижен имот.

-Понекогаш е стресно да се трудите тој постојано да биде среќен. За возврат ми плаќа престој, ми дава по 2.600 евра чисти пари и плаќа одмори што траат и по еден месец во хотели низ цел свет – вели Едвард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top