Додека целиот свет се зави во тага поради терористичкиот напад во Ница во кој беа убиени 84 луѓе и беа повредени над 150 луѓе, има и такви на кои поважно им е сопственото задоволство од човечката тага.
Една од тие е и руската манекенка и поранешна девојка на руски милијардер, 35-годишната Кристина Сјисоева, на која не и било жал што биле убиени голем број на луѓе и деца, туку тоа што бил откажан огнометот.
За руските медиуми таа изјави дека и е жал што поради недостатокот на огномет нејзината забава на јахтата била помалку забавна.
“Јас сум добро, но штета што го откажаа огнометот”, се пожали таа.
“Вечеравме кога дојде некој Французин и ни кажа дека имало терористички напад и дека мораме да се вратиме на обалата. Тоа не вознемири, бидејќи сакавме да гледаме огномет, но поради тие лоши работи сѐ беше откажано”, продолжува таа.
Сепак, таа не се загрижила за сопствената сигурност бидејќи имало големо обезбедување на забавата, а дел од нив биле задолжени за нејзиниот накит.
“Не можам туку така да излезам со сите мои дијаманти, ми требаат барем двајца телохранители за да бидам сигурна”, објасни таа.
Откако бројни корисници ја нападнаа на Твитер за овие изјави, таа проба да се оправда дека не знаела што точно се случило во Ница кога ја дала изјавата и дека и е навистина жал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.