Нина Петерсон заработила повеќе од милион долари како спонзоруша, па решила отворено да зборува за тоа. Таа има 37 години и минала добар дел од својот возрасен живот задоволувајќи постари, богати мажи. Таа за себе отворено вели дека е спонзоруша!
Го користи името Нина Колада за своите “клиенти” и не се срами да признае дека ужива во вниманието кое ѝ го посветуваат, а уште повеќе во подароците кои ги добива. Некои од додворувачите дури и ѝ плаќале за пластични операции и за други корекции.
Богатите спонзори на Нина ѝ дале повеќе од 100.000 долари за екстремни модификации, кои вклучуваат тројно зголемување на нејзините природни гради.
Таа има четири деца, кои се многу горди на својата мајка и не можат да бидат посреќни што таа има работа која им овозможува да одат на егзотични летувања и да добиваат скапоцени подароци. Нина исто така истакнала дека нема проблем со тоа нејзините ќерки еден ден да тргнат по нејзините чекори, напротив вели дека би сакала да изберат да се занимаваат со истата “професија” како и таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.