| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: „Шарапова мора да прифати одговорност и да игра според правилата“

Иако има одличен однос со Марија Шарапова, светскиот рекет број 1 сепак признава дека Русинката мора да ги прифати последиците и да сноси одговорност за „допинг аферата“.

„Случајот Шарапова“ и понатаму е главна тема во светската тениска и воопшто спортска јавност, а новинарите во Индијан Велс побараа мислење на оваа тема од најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Со популарната Маша има долгогодишно пријателство, но сепак Ѓоковиќ смета дека Шарапова мора да се придржува до правилата во вакви ситуации.

„Се надевам дека Марија ќе ја надмине оваа ситуација на најдобар можен начин. Покажа храброст, но сега мора да превземе одговорност и да ги прифати последиците“, изјави Ѓоковиќ.

Тој исто така искоментира дека многу спортисти веруваат дека со користење на одредени лекарства ќе го забрзаат опоравувањето од некоја повреда или други здравствени проблеми.

„Јас не верувам во краткотрајна рехабилитација, туку во избалансирано здравје. Не постојат магични еликсири“, порача Новак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top