Славниот холивудски актер Харисон Форд открива дека неговата 26-годишна ќерка Џорџија од детството боледува од епилепсија.
– Кога некој од нашите најблиски боледува од оваа болест тоа може да биде страшно. Таа влијае на нашиот живот, но и на нивнната иднина и можноста која ја имаат. Очајнички сакате да пронајдете лек. Сакате да најдете начин за да може да живеат исполнет и богат живот – изјави Форд на еден настан организиран за поддршка на родителите чии деца се заболени од епилепсија.
Џорџија првиот напад го имала кога била мала. Но за време на студиите и била поставена точната дијагноза и добила адекватна терапија.
– Немала напад последните осум години. И се восхитувам на нејзината упорност, талент, сила. Таа е мојата хероина – изјави Форд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.