Харисон Форд e повреден при падот на стар авион за обука од Втората светска војна, кога пилотирајќи се обидел да слета на голф игралиште на Мар Виста, Калифорнија. Актерот бил свесен и дишел кога спасувачките екипи стигнале до негои веднаш е однесен во болница. Тој се здобил со исеченици на главата, а нема информации за други повреди или пак што ја предизвикало авионската несреќа.
-Ние сме многу среќни што патникот има [само] мали умерени повреди- посочуваат властите од Лос Анџелес.
Авионот паднал недалеку од местото на полетување, аеродромот во Санта Моника.
Прв до актерот стигнал вработен во голф-клубот, кој вели дека го покрил со кебе.
-Имаше многу крв на лицето. Двајца добри доктори ја презедоа грижата за него- додава очевидецот.
Член на градскиот совет за медиумите посочил дека за среќа инцидентот се случил на голф- терените.
-Тој аеродром е многу блиску до населено место, а на него делуваат многу пилотски школи, што е многу загрижувачки- додава за медиумите.
На страствениот пилот Харисон Форд ова не му е прв инцидент со летала. Во 1999 во Санта Клара, Калифорнија, доживеа несреќа пилотирајќи со хеликоптер. Тогаш актерот објасни дека всушност вежбал слетување во услови на расипан мотор, а за среќа летал заедно со искусен пилот и никој не бил повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска