Холивудскиот актер Харисон Форд неодамна откри дека неговата ќерка Џорџија(26) боледува од епилепсија.Форд на добротворен собир посветен на истражување на епилепсијата, низ солзи говорел за својата ќерка на која оваа болест и е дијагностицирана во раното детство.
-И се восхитувам на Џорџија поради разни работи. Се восхитувам на нејзината упорност, талент и сила. Таа е мојот херој и многу ја сакам, истакна актерот.
-Кога некого сакате, а тој боледува од епилепсија чувството е страшно. Страшно е бидејќи знаете како оваа болест може да влијае на животот и иднината на таа личност. И единствено што сакате е да најдете начин тие да живеат нормален и квалитетен живот, додал Форд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.