| четврток, 6 декември 2018 |

„Птици“- нова поетска книга на Ристо Лазаров

Во најновата поетска книга на Ристо Лазаров „Птици“ на 142 страници се поместени шест циклуси од по седум песни на тема птици (орли, езерки, гулаби, црвен кардинал, рајска птица), а на крајот издвоено е поместена песната „Хичкок“.

– Најновиот поетски ракопис на Ристо Лазаров „Птици“ можеме да го претставиме во контекст на неговата богата и плодна поетска продукција и пројава како бележит и самосвоен творечки глас во нашата современа поезија и со тоа да го подвлечеме заклучокот дека овој поет продолжува со концептуалните збирки со стожерен мотив, т.н. целни или ‘(само)зададени’ збирки кои функционираат како скапоцени монети за раздолжување или раситнување на неговата повеќедецениска крупна творечка банкнота, пишува во поговорот на книгата Оливера Ќорвезироска.

„Птици“ е триесетта поетска книга на Ристо Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top