| четврток, 6 декември 2018 |

Излезе од печат „Кумова слама“ од Славе Ѓорго Димоски, добитник на наградата „Антево перо“

Во издание на издавачката куќа ТРИ од Скопје, во едицијата Награда „Антево перо“ од печат излезе книгата „Кумова Слама“ од Славе Ѓорѓо Димоски, кој е прв добитник на истоимената награда воспоставена во чест на македонскиот великан, поетот Анте Поовски.

Наградата ја доделува меѓународната манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, која го реализира и печатењето на книгата. Книгата беше промовирана на манифестацијата во Скопје и Лазарополе на 28 и 29 септември 2018 година.

Поднасловот на книгата „патописи, дневници, записи“ упатува на различен тип пеења кои настанувале на различни места и по различни поводи во последните дваесетина години (песните се датирани и посочени се местата каде што настанувале), но сите нив ги врзува препознатливиот поетски импус на Славе Ѓорѓо Димоски.

„Стихозбирката „Кумова слама“ на Славе Ѓорѓо Димоски претставува сјајно дело на македонската поезија. Во оваа стихозбирка, на еден современ поетски начин се тематизира не само онтолосот на поезијата, не само нејзината смисла, туку и нејзиното родно место во јазичното битие на онаа мрежа знаци што се пресекуваат на едно место, а кое го викаме поет. Уште повеќе, во оваа стихозбирка се тематизира и смислата и богатството на севкупната македонска поетска традиција, во која името на Анте Поповски е темелен и жив кардиограм, врвна изохипса без која поетската мапа на Македонија не би била – планинска мапа, односно мапа на тешко достижни врвови. Во „Кумова слама“ Димоски покажува дека врвното начело на поезијата е да молчи додека пееда поставува прашања наместо да дава одговорида овозможи да ја слушнеме тишината како најсовршена хармонија, додека го слушаме срцебиењето на стихот. Евидентно е дека со сите овие поетски особености, оваа поезија навистина се однесува како поетски изотоп на поезијата на Анте Поповски, како нејзино продолжение (иако со поинаков поетски рефлекс и субјетивитет), како нејзин фрактал, и како нејзино продолжено светлинско траење, како што и Кумовата слама е само навидум посебен дел од континумот наречен вселена или светлина. Дел од вечноста, ако вечноста воопшто може да има делови.“ – Се вели во образложението на жири комисијата за наградата.

Оваа е тринаестта самостојна поетска книга на Славе Ѓорѓо Димоски. Автор е уште на пет книги поезија за деца и на три книги со есеи. Неговата поезија е преведена на над триесет и пет јазици, а седумнаест одделни книги се објавени надвор од Македонија. За своето поетско творештво ги добил најзначајните домашни и повеќе меѓународни нагр

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top