| четврток, 6 декември 2018 |

Мерките на Владата имаат ефект: Невработеноста падна на рекордно ниски 24,6%

Стапката на невработеност продолжува да опаѓа благодарение на мерките за поттикнување на вработувањето кои ги имплементира владата. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во четвртото тримесечје од минатата година, стапката на невработеност изнесува 24,6%, што претставува намалување за 0,9 процентни поени, во споредба со претходниот квартал кога изнесуваше 25,5%.

nevrabotenost-tabela

Според податоците во четвртиот квартал од 2015 година активното население во Република Македонија брои 949.525 лица од кои вработени се 715.758, а 233.767 лица се невработени. Стапката на активност во овој период изнесува 56,6%, а стапката на вработеност 42,7%.

Активните мерки за вработување имаат ефект

Невработеноста се намалува, а тоа го покажува и статистиката. Проектот „Македонија вработува“ продолжува да покажува позитивни резултати. Преку палетата мерки кои ги нуди владата за работодавачите и невработените, досега работно место пронашле речиси над 14 илјади лица.

За пофалба е тоа што забрзано се намалува и стапката на невработеност кај младата популација, нешто што одамна претставува проблем на пазарот на труд. Имено преку мерката за вработување на млади лица до 29 години, во последниве две години се вработени над 12.000 млади луѓе. Последните квартални податоци на државната статистика велат дека стапката на невработеност кај најмладата популација се намалила за речиси 5 проценти на годишно ниво.

Ако се анализира ефектот на мерките за вработување, може да се заклучи дека за само две години со две мерки на владата, работа пронашле над 22 илјади невработени граѓани, од сите категории.

Експертите велат дека проблемот со невработеноста на младите лица постапно се решава. Компаниите се заинтересирани за мерките кои ги нуди државата, пред сѐ поради тоа што им ги намалуваат трошоците, а им ја зголемуваат ефикасноста на работата, а со тоа им оставаат можност да продолжат да инвестираат во развој на сопствениот бизнис.

nevrabotenost-tabela (1)

– Работодавачите се стимулирани да ангажираат работна сила со тоа што трошоците за неа ги покрива државата. Во овој случај, во една синергија на повеќе мерки, како и инвестиции, и домашни и странски, како и поттикнувачки мерки и активни политики се влијае на невработеноста. Се ангажираат луѓе кои добиваат плата, тие потоа ја трошат платата, со што се мултиплицира ефектот, објаснува универзитетскиот професор Јован Пејковски.

– Со проектот се намалија трошоците за водење бизнис, бидејќи секое вработување намалено за социјалните придонеси е своевидна директна помош. Се работи за можност за компаниите да селектираат добра работна сила, смета првиот човек на Конфедерацијата на работодавачи, Миле

Што се бара на пазарот на труд?

Работодавачите велат- работа има. Моментално на пазарот на труд се отворени речиси 9.000 слободни работни места, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Од оние со завршено високо образование се бараат: програмери, информатичари, градежни инженери, архитекти, машински инженери, електроинженери, технолози, фармацевти, графички дизајнери.

Од луѓето со средно или со вишо образование се бараат: комерцијалисти, техничари, медицински сестри, администратори, леари и слично.

rabotnik (Custom)

Средното стручно образование, пак, треба да испорача шивачки, бравари, столари, заварувачи, армирачи, лимари, повеќе профили на градежни работници, металостругари, монтери, автомеханичари, електроинсталатери, преработувачи на овошје и на зеленчук за потребите на преработувачката индустрија.

Според структурата на вработените, компаниите со помош на активните мерки најмногу вработуваат млади лица, на возраст од 16 до 35 години. Сѐ повеќе се вработуваат и млади лица до 29 години. Интересно е тоа што компаниите имаат интерес и за постари и поискусни работници, од над 50 години, а тоа го покажуваат и податоците на Државниот завод за статистика.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ невработеноста се намалила за над 11%

Според надлежните, падот на невработеноста е резултат на добрите економски политики, пред сè на одржувањето на извонреден амбиент за водење бизнис. Се работи за сериозен исчекор во борбата против најголемиот проблем во Македонија, а тоа е невработеноста.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, стапката на невработеност се намалила за повеќе од 10 проценти, односно од 36% во 2006 година на актуелните 24,6%.

Убедливо највисоки стапки на невработеност во земјава се регистрирани во 2003, 2004 и 2005 година, и тоа од 36,7%, 37,2% и 37,3%, за време на владеењето на СДСМ.

Доколку продолжи овој тренд, очекувањата се дека стапката на невработеност ќе се сведе под 22 процента до 2018-та година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top