Во 18,30 часот, вечерва, Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија ќе биде организатор и домаќин на промоцијата на стихозбирката “Ѕвезден корен” од академик Анте Поповски. Ова е прво самостојно дело на нашиот голем поет, преведено и издадено во Република Бугарија. Изборот на песните и преводот се дело на бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов, а стихозбирката е во издание на бугарското книгоиздателство “Ерго”.
Со промоцијата на стихозбизбирката, започнува и јубилејното чествување, 85 години од раѓањето на Анте Поповски. За неговиот опус и стихозбирката “Ѕвезден корен” пред публиката во Софија ќе зборуваат, Васко Шутаров од име на македонскиот Центар и Министерството за култура на Република Македонија кое финансиски ја поддржа реализација на преводот, Роман Кисјов кој направи избор и превод на делото, Мартин Христов, редактор и сопственик на книгоидателството “Ерго”, а на промоцијата ќе бидат присутни и ќе се обратат членови на семејството на поетот.
Стихови ќе интерпретираат актерот Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика.
Промоцијата на стихозбирката на бугарски јазик од академик Анте Поповски е дел од годишната Програма на КИЦ на Република Македонија во Софија а проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.