| четврток, 6 декември 2018 |

Енди стана Лили – и вториот режисер на „Матрикс“ објави дека е трансексуалец

Енди сега Лили Вачовски

Американскиот сценаристи и режисер, најпознат како автор и режисер на трилогијата „Матрикс“, обави во јавноста дека е трансекуалец. Енди Вачовски сега е Лили Вачовски. Пред четири години, пак, неговиот брат го направи истиот чекор и јавно кажа дека не се чувствува како Лери, туку како жена, и оттогаш го промени името во Лана.

article-2222541-15AA1ABC000005DC-749_1024x615_large

Лери сега Лана Вачовски

Четириесет и осумгодишниот режисер вчера откри дека е трансексуална жена бидејќи наводно од британскиот весник „Дејли мејл“ му се заканувале дека ќе ја објават неговата тајна, пишува „Гардијан“.

– Знаев дека во некој момент ќе морам јавно да ја објавам оваа вест. Кога живеете како трансексуална личност тешко е да се сокрие. Само сакав, одсносно ми требаше малку време да си ги наредам работите во главата, да се чувствувам удобно во своја кожа. Но, очигледно не е до мене да ја донесам таа одлука- напиша Лили официјално објавувајќи ја првата фотографија од себе како жена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top