Поранешниот репрезентативен чувар на мрежата Гого Јовчев ќе биде дел од стручниот штаб на најдобрата репрезентација на Македонија.
По заминувањето на Ока Николов, шефот на стручниот штаб на националниот тим се одлучи Гого Јовчев да го врати во сенорската репрезентација. Како што информираат од ФФМ, со назначувањето на поранешниот голман на Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Шкендија се затвора кругот помошници на Игор Ангеловски во А репрезентацијата.
Во репрезентацијата на Македонија помошници на селекторот Игор Ангеловски се поранешниот репрезентативец Арѓент Бекири и Иван Јовановски – Карас, задолжен за кондициската подготвеност на играчите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема одмор за Раул, уште не се израдува како што треба, а веќе се насочи кон репрезентацијата
-
Селекторот Ангеловски го објави списокот, деби за Ејупи и враќање на Тричковски во составот
-
Македонските таеквондисти на прием кај директорот на АМС, Марјан Спасески
-
Лазаров: Воодушевен сум од упорноста на Лино, прави база за следните 10 години