| четврток, 6 декември 2018 |

Гого Јовчев се враќа во стручниот штаб на репрезентацијата

reprezentacija trening

Поранешниот репрезентативен чувар на мрежата Гого Јовчев ќе биде дел од стручниот штаб на најдобрата репрезентација на Македонија.

По заминувањето на Ока Николов, шефот на стручниот штаб на националниот тим се одлучи Гого Јовчев да го врати во сенорската репрезентација. Како што информираат од ФФМ, со назначувањето на поранешниот голман на Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Шкендија се затвора кругот помошници на Игор Ангеловски во А репрезентацијата.

Во репрезентацијата на Македонија помошници на селекторот Игор Ангеловски се поранешниот репрезентативец Арѓент Бекири и Иван Јовановски – Карас, задолжен за кондициската подготвеност на играчите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top